Услови за користење

Со самото користење на хостинг услугите на ДД-Ком се согласувате дека се придржувате кон долунаведените услови за користење. Во спротивно ДД-Ком има право да Ве исклучи без претходно известување и повеќе да не ви ги доставува своите услуги. Вие се согласувате дека во било кој случај нема да преземете никакви мерки кон ДД-Ком ДООЕЛ.

Дефиниции

Зборовите употребени во овие услови за користење го имаат следново значење:

ДДХост – системот за регистрација на домени и хостирање кој е управуван од фирмата ДД-Ком ДООЕЛ
Купувач/корисник – секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на корисник на услуги од ДДХост.

 

Услови за регистрација и користење на .мк домени

Согласно правилникот за регистрација на македонските домени и поддомени (.mk, com.mk, net.mk, inf.mk, edu.mk и мкд.мк ), регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 15 дена пред истекот на времето за регистрација на следната e-mail адреса: info [at] ddhost.mk.

Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

ДДХост не ја гарантира валидноста на одредено домен име. Доколку од било која причина на денот на регистрација на името тоа не е слободно, ДДХост не презема одговорност и го информира клиентот дека соодветниот домен не е слободен за регистрација. Клиентот може да одбере друго домен име или пак во целост да му бидат вратени уплатените средства.

Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на ДДХост. ДДХост по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот. Во спротивно влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.

ДДХост не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) е оневозможена функционалноста на македонските домени.

ДДХост го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот (кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки), ДДХост не се смета за одговорен кон засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.

Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

Регистрација/обнова на интернационални домени

Правилата за интернационалните домени се многу поразлични од .мк домените. Секоја екстензија .com, .eu. .info .org и останатите TLD имаат различни правила за регистрирање и различен период на истекување. Затоа најбитно е да сте запознаени дека секој домен треба да се обнови најдоцна до датумот на негово истекување. Во спортивно, ако влезе во заштитен период цените за обнова почнуваат од 6000 денари, а постои можност воопшто да не успеете да го вратите доменот. Затоа ДДХост не презема одговорност доколку не го обновите вашиот домен и истече датумот за негово продолжување.

Ресурсите на Shared и Reseller пакетите

Секој корисник е должен да прави комплетен бекап на податоците на серверот. Тоа подразбира бекап на веб страницата, на е-маил пораките и општо на сите фајлови кои ги поставил на серверот. При бекап на е-маил пораките предложуваме да користите дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис).

Ресурсите на Shared и Reseller пакетите се подеднакво поделени на сите корисници на серверот, па прекумерното искористување на ресурсите од страна на еден корисник доведува до забавување и нестабилна работа на сите останати корисници. Поради ова за сите Shared и Reseller корисници важи фер политиката за користење. Еден корисник не смее да користи повеќе од 80% од зададените ресурси континуирано повеќе од 5 минути, во спортивно автоматски вашата услуга ќе биде привремено прекината според полисата на Cloud Linux OS кој е поставен на нашите сервери. За повеќе информации за функционирањето на оваа алатка прочитајте тука.

Сите shared hosting пакети ги имаат следните ограничувања:

Број на CPU/RAM – зависно од хостинг пакетот
speed mysql – 400
IO – 15MB/s – (IO throughput – combines both read & write operations)
MySQL IO – 1.86G/s
IOPS – 5024 (Restricts total number of read/write operations per second.)
EP – 20 (Limit on entry processes. Usually represents max number of concurrent connections to apache dynamic scripts as well as SSH and cron jobs running simultaneously)
NPROC – 100 (Max number of processes within LVE)
Inodes – 400000 – (Number of files and folders an account has)

Серверите исто така имаат регулација на испратени пораки и строга контрола и заштита од СПАМ. Поради тоа, ограничувањето на максимален број на испратени е-поштенски пораки во рок од еден час изнесува 250 пораки. Ова искористување вообичаено се случува од скрипти кои имаат намерни или ненамерни грешки во програмирањето. Доколку го приметиме ова на вашата страница ќе Ве известиме за проблемот и доколку проблемот не е отстранет ДДХост го задржува правото да Ве исклучи.

Овие ограничувања на ресурсите не важат за VPS и Dedicated серверите. На овие сервери секој корисник има загарантирани ресурси и сам располага со нивно искористување.

Спам

Забранет е било каков начин на праќање на СПАМ пораки. Доколку се забележи таква активност корисникот веднаш ќе биде деактивиран без претходно известување и без враќање на уплатените средства. 

Shared и Reseller корисниците користат споделена IP адреса и при злоупотреба од страна на еден корисник, сите корисници со истата IP адреса влегуваат во глобалните црни листи на провајдерите за заштита од спам, па испратените пораки стигнуваат во спам сандачињата или се комплетно одбиени од страна на примателот.

Поради заштита од спам, Shared и Reseller корисниците се ограничени на испраќање на 250 пораки во еден час.

Доколку користите Shared или Reseller хостинг, ДДХост не се смета за одговорен доколку вашите испратени пораки пристигнуваат во SPAM сандачето, или пак се одбиени од корисникот. Секој корисник може дополнително да закупи дедицирана IP адреса (200 денари + ДДВ месечно), која се доделува само за него и со тоа се избегнуваат проблемите од ваков тип.

Овие ограничувања не важат за VPS и Dedicated хостинг услугите.

CGI Скрипти

Сите скрипти кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот или ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски ќе бидат исклучени без претходна најава. ДДХост не дозволува делење на скрипти со домени што не се хостирани од ДДХост.

Користењето на хостинг услугите за IRC (Internet Relay Chat) не е дозволено на серверите на ДДХост.

Chat

ДДХост не дозволува корисниците да инсталираат нивни chat скрипти кои искористуваат многу од серверските ресурси.

Порнографија

Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони. Забранети се и линкови до страници кои не ги задоволуваат пропишаните услови кои се однесуваат на порнографија. Доколку хостирате ваков материјал, вие автоматски станувате одговорни доколку биде покрената легална постапка од извесна личност.

Материјал со авторски права

Корисникот се согласува дека нема да доставува или работи со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, дигитализирани аудио/видео датотеки, извршувачки датотеки, архивски датотеки и сите останати видови на датотеки. Ваквите страници ќе бидат исклучени и суспендирани.

Корисникот е обврзан при поставување на било какви податоци преку услугите на ДДХост, предвид да ги земе локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитува.

Материјал со доверливи информации

Доколку услугите на ДДХост се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.

Backup на податоци

Корисниците на услугите се задолжени самостојно да прават резервна копија (backup) и заштита на нивните податоци, датабази, е-поштенски пораки. ДДХост не презема одговорност за губење на вашите податоци.

ДДХост врши backup на сајтовите еднаш неделно и се чува само една резервна копија од тековната недела на надворешна локација.

За хостинг пакети исклучени поради неплатени сметки ДДХост не презема одговорност за чување на податоците на клиентот.

Во случај на хардверски дефект/проблем (RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ДДХост се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектот. Доколку има проблем со хард-дискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои постои резервна копија (back up) која е генерирана по автоматизиран пат. ДДХост не гарантира за податоците и нивната исправност кои се вратени од back up серверот.

Согласно конфигурацијата на Shared и Reseller серверите, еднаш во годината се извршува автоматско чистење (Auto-Cleanup) на застарени е-поштенски пораки поради заштита од вируси испратени преку електронска пошта. ДДХост не одговара за избришани застарени е-поштенски пораки. Секој корисник е должен да прави бекап на е-поштенските пораките на дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис). Подготвените бесплатни упатства за локално и далечинско зачувување на е-поштенски пораките се достапни за сите корисници на хостинг услугите.
ДДХост ќе зачува три (3) backup-и од вашите хостинг податоци во период од еден месец. Сите хостинг податоци се пребришуваат 30 дена од денот на нивно создавање.
Големината на backup датотеката на shared и reseller корисниците не смее да биде поголема од 30 GB. Доколку користите повеќе од 30GB простор, контактирајте не за понуда за дополнителен простор. Цените за дополнителен простор за бекап на податоци се објавени на нашата веб страница на следниот линк: https://ddhost.mk/drugi-uslugi/

Доколку има повеќе бекап датотеки, постарите датотеки автоматски се бришат на одреден период. ДДХост не презема одговорност доколку се избришани потребни содржини од постара бекап датотека.

Back up на податоците не се врши на суспендираните корисници на серверот. После истекување на 30 дена од суспендирање следува перманентно бришење на податоците кои не може да бидат вратени назад или на било кој начин ресторирани.

НАПОМЕНА : Во голем број од случаите има грешки при враќање податоци од бекап сервер, затоа не се потпирајте на овие бекапи. ПРАВЕТЕ РЕДОВЕН ЛОКАЛЕН ИЛИ КЛАУД БЕКАП НА СИТЕ ВАШИ ПОДАТОЦИ.

Информации за пристап

Корисникот има одговорност доставените информации за пристап до веб просторот да ги чува како доверливи и да не ги споделува со никого. Корисникот е исто така одговорен за сите активности произлезени од употребата на неговото корисничко име, доколку не се воспостави поинаку. Корисникот исто така се согласува да ги извести администраторите на ДДХост доколку забележи било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои вклучуваат корисничко име и лозинка за пристап до услугите кои ги користи.

Информации од корисниците

Корисникот се согласува во процесот при првична регистрација (и сите останати дополнителни регистрации) за користење на услугите на ДДХост, да доставува валидни и точни информации. Исто така се согласува дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го извести ДДХост.

Корисничка поддршка

ДДХост со цел да овозможи квалитетни услуги, доставува 24 часовна корисничка поддршка. Во работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта, тикет систем, телефон, онлајн чет од 9 – 16 часот. Вон работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта и тикет системот. На отворените барања за поддршка преку е-пошта или преку тикет системот одговорите се најдоцна до 24 часа. Доставувањето на овој тип на поддршка е самоиницијативно и ДДХост не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.

Сите плаќања се процесираат во работно време, понеделник – петок од 9 – 16ч. Плаќањата за услугите извршени во петок и викенд се реализираат во понеделник. Услугите се активираат во работно време, понеделник – петок од 9-16 часот максимум 48 часа после уплатата. Ова важи за новите и за веќе постоечките корисници при обнова на нивните услуги.

Период на важност на услугите

По истекот на временскиот период за кој сте ги закупиле услугите на ДДХост, потребно е да го инфомирате ДДХост доколку сакате да го продолжите или откажете користењето на услугите. Плаќањето треба да се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, ДДХост има право да ги суспендира или откаже услугите доколку долгот не е подмирен. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци хостирани на серверите на ДДХост.

Нарачките на нови или обнова на веќе постоечки услуги во ДДХост се реализираат после извршена уплата која се процесира исклучиво во работни денови, понеделник – петок, во работни часови од 9 – 16ч максимум 48 часа од добивање на средствата на нашата банкарска сметка/извод. Плаќањата за услугите извршени во петок и викенд се реализираат во понеделник.

Друго

За било каква штета настаната во бизнис работењето на корисникот, поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, ДДХост не презема никаква одговорност и согласни сте дека нема да преземете мерки против ДДХОСТ. ДДХост го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на ДДХост, се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.

Доколку има било какви прекршувања на условите за користење ДДХОСТ го задржува правното да исклучи, да отстрани или да одбие да доставува услуги за одреден корисник. При закупување на хостинг услуги од ДДХОСТ се согласувате вашите податоци да бидат чувани на надворешен сервер.

ДДХост го задржува правото да изврши промена на цената на услугите кои ги нуди во било кое време без претходни известувања.

 

Општа злоупотреба

Било каков обид за нарушување на функционалноста на серверите ќе биде спречен со исклучување на услугата. ДДХост не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.

Веб страниците на корисниците кои директно навредуваат или објавуваат навредлива содржина е строго забрането, содржина која поттикнува омраза и дискриминација не е дозволена. Доколку тоа биде забележано, веднаш ќе биде деактивирана корисничката сметка на тој корисник.

Услугите кои ги користите во ДДХост не смеете да ги користите за лажни и измамнички активности. Секогаш вашите содржини треба да бидат согласно локалните, државните и интернационалните регулативи. ДДХост секогаш ќе постапува според законите и вашите информации смее да ги достави до надлежните владини служби доколку тие се од значење за водење на некоја постапка.

Во сите спорни случаи, кои не се во согласност со Условите за користење и според законските регулативи, ДДХОСТ го задржува правото да ја исклучи и отстрани вашата корисничка сметка.
Доколку услугите на ДДХост се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.

 

Материјал со доверливи информации

Доколку услугите на ДДХост се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.

 

Заштита на лични податоци

ДД-Хост применува технички и организациски мерки согласно Законот за заштита на личните податоци за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата ddhost.mk, како и на сите наши домени и поддомени.

Серверите на ДДХост се лоцирани во Европа каде важи GDPR регулативата. При закупување на хостинг услуги од ДДХост се согласувате на создавање и чување на податоците на надворешен сервер.

За повеќе информации посетете ја нашата Политика за приватност.