ДДКом ДООЕЛ
Депонент : Халкбанк
Жиро сметка : 270-0609097401-86
ЕДМБ : MK4030006586105
Адреса:
ул. Фрањо Клуз бр.12/1-4, 1000 Скопје
(спроти ОУ Блаже Конески)
Телефон:
+ 389 (02) 2 470 490
понеделник-петок од 09:00-16:00
Email:
info [at] ddhost.mk
support [at] ddhost.mk
Техничка поддршка:
24/7 на е-мејл и тикетинг систем
на е-мејл или пак искористете го системот за техничка поддршка и отворете тикет кон соодветниот оддел.
Политика на приватност
ДД-Хост е системот за регистрација на домени и хостирање кој е управуван и е во сопственост на друштво за трговија и услуги ДД – КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА
Друштво за трговија и услуги ДД – КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
адреса: ФРАЊО КЛУЗ 12/1-10, 1000 Скопје
ЕДБ: MK4030006586105
МБ: 6090974
Телефон: 02/2470490
Е-маил: info@ddhost.mk
Web: ddhost.mk
ДД-Хост применува технички и организациски мерки согласно Законот за заштита на личните податоци за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата ddhost.mk, како и на сите наши домени и поддомени.
Со оваа политика за приватност, ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме вашите лични податоци, како и за вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Дефиниции
Политиката на приватност на ДД-Хост се темели и е во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Според тоа, следува дефинирање на термините кои се основни при обработката на личните податоци:
- „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
- „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
- „Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;
- „Профилирање“ е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење;
- „Псевдонимизација“ е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект на лични податоци без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува;
- „Збирка на лични податоци“ е структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа;
- „Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
- „Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
- „Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
- „Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците;
- „Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
- „Директен маркетинг“ е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација;
Општи одредби
Политиката на приватност на ДД-Хост појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани клиенти на нашата веб страница https://ddhost.mk.
Оваа Политика на приватност служи за да се утврди нашата посветеност кон приватноста и безбедноста на податоците на клиентите, како и за објаснување на политиките и процедурите имплементирани во однос на собирање и употреба на податоците за клиентите.
Контролор за заштита на лични податоци
Контролор за заштита на личните податоци е ДД-КОМ ДООЕЛ. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница ddhost.mk се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21).
Назив и адреса на контролорот
Друштво за трговија и услуги ДД – КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
ЕДБ MK4030006586105
МБ 6090974
Адреса ФРАЊО КЛУЗ 12/1-10 , 1000 Скопје, Република Македонија
Офицер за заштита на личните податоци
За сите информации и прашања поврзани со заштитата на вашите лични податоци, контактирајте го нашиот Офицер за заштита на личните податоци:
Славица Трајковска
Тел.: 02/ 2 470 490| 075221139
Електронска пошта: slavica@ddcom.mk
Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21).
Правна основа и начин за обработка на лични податоци
Вашите лични податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично. Вашите лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Вашите лични податоци можат да им бидат доставени на надлежни органи само во согласност со постапка уредена со закон. Обработката на личните податоци може да се врши врз основа на претходно дадена согласност од ваша страна за обработка на вашите лични податоци за една или повеќе цели, кога обработката е неопходна за исполнување на нашите законски обврски, кога обработката е неопходна за реализација на нарачка за домен или хостинг пакетите кои се основните продукти кои ДДХост ги нуди.
Обработката на Вашите лични податоци се врши исклучиво во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија.
Личните податоци ги собираме преку различни канали и тоа:
– Креирање на кориснички профил на нашата веб страница (при купување продукт или барање понуда);
– Барање понуда/информација од нашата веб страница (контакт форма/тикетинг систем/емаил);
Личните податоци поднесени при самата регистрација, во контакт формата од веб страницата, тикет системот или социјалните мрежи се користат исклучиво за да комуницирате со нас за одредено прашање, се користат за да ви одговориме на вашите прашања/барања/коментари и со тоа да го подобриме корисничкото искуство на посетителите на нашата веб страница
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на вашиот информациски систем, автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins. Во текот на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле. Facebook прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
За која цел и како се собираат личните податоци?
Личните податоци во ДД-Хост се собираат за регистрација или обнова на домени и хостинг пакети кои се основен продукт кој ДДХост го нуди.
При процесот на доставување барање за регистрација на домен, неговото реализирање, како и активирање и користење на хостинг услуга, корисниците доброволно ги доставуваат своите лични податоци (име презиме, електронска пошта, телефонски броеви, назив на правно лице, адреса) за евиденција на сопственикот на секој домен или хостинг пакет. Податоците прибрани за регистрација на домените се јавно достапни во Националниот регистар Марнет чие овластување за работа е уредено со договор.
Овие информации се користат единствено за цел да се овозможи реализација на електронска нарачка, реализација на плаќањето и успешна достава на услугата, освен доколку не ни обезбедите посебна дозвола/согласност да ги користиме за друга цел, пр. директен маркетинг итн.
Категории на лични податоци кои ги собираме
Категориите на лични податоци кои ги собираме заради остварување на горенаведените цели се следните:
- Име и презиме;
- Адреса (адреса на живеење; град; поштенски код);
- Е-маил адреса;
- Контакт телефон;
- Забелешка/коментар за извршена нарачка на услуга.
При секоја ваша посета на нашата веб страница, ние ги обработуваме вашите лични податоци, само доколку истите доброволно ги дадете преку користење на следните опции:
- Контакт;
- Креирај кориснички профил / Најави се;
- Електронско вршење нарачки преку нашиот електронски систем;
- Електронско плаќање за извршените нарачки за услугите кои ги нудиме,
Секогаш кога користите некоја од горенаведените опции, ние ги собираме вашите лични податоци.
Рок на чување на вашите лични податоци
Вашите лични податоци ќе ги задржиме онолку долго колку што е потребно за остварување на целите согласно оваа Политика за приватност. Вашите лични податоци ќе бидат задржани само до степенот до кој е потребно заради усогласување со нашите законски обврски, заради остварување на нашиот легитимен интерес и спроведување на нашите правила и политики.
Некои од вашите лични податоци, може да се чуваат и подолго од предвиденото, исклучиво заради цели во врска со постапки кои се водат пред надлежни државни органи и институции.
Пренос на лични податоци
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Податоците прибрани за регистрација на домените се јавно достапни во Националниот регистар Марнет чие овластување за работа е уредено со договор.
Серверите на ДДХост се лоцирани во Европа каде важи GDPR регулативата.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
Пристап до личните податоци
Согласно Законот за заштита на личните податоци, секој посетител на нашата веб страна има право да побара увид, промена, запирање или бришење на барање на субјектот на личните податоци. Преземете го барањето соодветно според вашата потреба и испратете го на slavica@ddcom.mk:
– Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
– Барање за дополнување, измена или бришење на податоците
– Барање за запирање на обработката на личните податоци
Доколку сметате дека има одредени неправилности секој има право да поднесе пријава до Агенција за заштита на личните податоци бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
Безбедност на податоци при електронско плаќање
ДДХост не собира никакви информации од финансиска природа како број на платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на HALKBANК.
Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на HALKBANK. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ДДХост не собира или користи податоци од малолетни лица.
Политика за колачиња
Оваа веб страница користи cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Повеќе информации за колачињата може да најдете во Политика за колачиња објавен како посебно мени на нашата веб страница.