Бесплатен ДНС менаџмент пакет со секој домен. Кориснички панел за инстант промена на ДНС сервери.
Провери дали доменот е достапен за регистрација
ЦЕНИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА И ОБНОВА НА .МК ДОМЕНИ
MK | . МКД | .COM.MK | .NET.MK | .ORG.MK | .EDU.MK | .INF.MK
1 год | 2 год | 3 год | 4 год | 5 год | 6 год | 7 год | 8 год | 9 год | 10 год | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Регистрација | 950 ден | 1460 ден | 2010 ден | 2540 ден | 3035 ден | 3510 ден | 3950 ден | 4370 ден | 4766 ден | 5133 ден |
Обнова | 590 ден | 1150 ден | 1690 ден | 2200 ден | 2690 ден | 3150 ден | 3580 ден | 3990 ден | 4370 ден | 4720 ден |
Заштеда | 60 ден | 133 ден | 219 ден | 317 ден | 429 ден | 553 ден | 690 ден | 841 ден | 1004 ден | 1180 ден |
* Цените се СО ВКЛУЧЕН ДДВ од 18%
Официјален партнер за регистрација на .мк домени
ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ДОМЕНИ
.com | .org | .net | .biz | .info | |
---|---|---|---|---|---|
Регистрација / Обнова | 950 денари / годишно | 1400 денари / годишно | 1400 денари / годишно | 1400 денари / годишно | 1400 денари / годишно |
* Цените се СО ВКЛУЧЕН ДДВ од 18%
Процес на регистрација на .MK домен
ОПЕРАЦИИ СО .MK ДОМЕНИ
Одлука за организацијата за сите активности кои се вршат во врска со доменот
Технички услови
За корисници кои ќе ги користат DNS серверите на ДДХост за хостирање на нивниот домен:
Примарен опслужувач: ns1.ddhost.org
Секундарен опслужувач: ns2.ddhost.org
Називот на доменот ги содржи следните елементи и мора да ги исполнува следните услови:
– Да се состои од букви од абецедата (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0-9 и знакот “-” (тире).
– Да се состои од најмалку 1 (еден) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, а притоа првиот и последниот не може да биде знакот “-” (тире).
– Не смее последователно да се појавуваат два заци “-” (тире).
Постапка на регистрација
1. Проверете дали доменот е слободен
2. Пополнете го барањето за регистрација и испратете го на info [at] ddhost.mk или направете нарачка online
3. Вашиот домен ќе биде регистриран во рок од најмногу 24 часа по евидентираната уплата.
* НАПОМЕНА: Користете валидни податоци при процесот на регистрација, инаку во спортивно нема да можете да извршите никакви измени на податоците за регистрантот, да го отстапите на други лица или избришете доменот. Согласно правилникот (Член 31), доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.
.com.mk, .net.mk, .inf.mk – Право да регистрираат имаат : трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.
.org.mk – Право да регистрираат имаат : непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, здравствени јавни установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
.edu.mk – Право да регистрираат имаат : образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организации кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност.
.mk, .мкд – Право да регистрираат имаат : сите физички и правни лица.
Промена на податоци на регистрирани домени
Името на доменот НЕ МОЖЕ да се промени.
Регистрарот може да изврши промена во регистарот на домени, по барање на контактот за доменот и тоа:
● Промена на адмнистративен контакт може да врши регистрантот или самиот административен контакт.
● Промена на технички контакт може да врши регистрантот или самиот технички контакт.
● Промена на именските опслужувачи може да врши регистрантот, административниот или техничкиот контакт.
● Промена на регистрант може да врши само регистрантот заедно со новиот регистрант.
● Регистрантот е единствениот контакт кој е овластен за бришење на доменот.
● Промена на идентификатор (клуч) за контакт, не може да се направи.
● Идентификатор (клуч) за листата на именски опслужувачи не може да се промени.
● Идентификатор (клуч) за сет на клучеви, не може да се промени.
Промената на податоци за контактите како и именските опслужувачи е БЕСПЛАТНА.
Промената на регистрар е БЕСПЛАТНА и се извршува со барање на код за трансфер кој ќе ви биде испратен на е-мејл
Обновување на регистрација за домен
Регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 15 дена пред истекот на времето за регистрација на следната e-mail адреса: info [at] ddhost.mk.
Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.
Бришење на домен
Регистрацијата на доменот може да биде поништена, доменот деактивиран и избришан од регистарот во следните случаи:
● Регистрантот постапува спротивно на условите за регистрација на домени и спротивно на Правилникот за регистрација утврден од страна на МАРнет.
● Регистранот во писмена форма побарал поништување на регистрацијата и негово бришење од регистарот.
● Регистрантот на доменот не ги подмирил финансиските обврски за регистрација или обнова на доменот.
● Регистрантот не е во состојба да ги задоволи техничките услови за функционирањето на доменот.
● Регистрантот во постапката за регистрација дал погрешни и неверодостојни податоци и документација.
● Регистрантот не доставил промена на задолжителни податоци за себе и за употреба на доменот.
● Регистрантот не ги почитува своите обврски и одговорности пропишани со Правилникот за регистрација на домени.
● Регистрантот не презема одговорност или не соработува со службата, односно со лицата овластени за доменот и во други случаи кога е неопходно преземање на определени активности.
● Регистрантот на доменот го злоупотребува доменот на начин што со употреба или неупотреба ги повредува интелектуалната сопственост, авторските права според позитивните прописи.
● Во други случаи утврдени со закон.
Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.
Стекнување право на користење на домен со наследување и со отстапување на домен
Доколку регистрантот престанал да постои, правните наследници можат да побараат стекнување на право на користење на доменот, односно пререгистрација на постојниот домен и упис на свое име во регистарот.
Со барањето за регистрација, мора да се поднесе и дополнителна документација, како правосилен акт со кој се докажува правото за наследување.
Регистрантот на доменот може со изјава да се откаже од правото на користење на доменот. Во моментот на давање писмена изјава кај Регистрарот, доменот се брише и може да се регистрира од друго лице во постапка за регистрација на домен.
За решавање на спорови во врска со регистрација на домени надлежна е постојаната арбитража при МАРнет во согласност со Правилникот за арбитражна постапка за решавање на спорови при регистрација на домени.
ДДХост Услуги
ШТО ВЕЛАТ КЛИЕНТИТЕ
за услугите на ДДХост
Стабилноста на серверите и професионалната поддршка достапна во секое време е она што е најважно за администраторот на било кој веб сајт или веб апликација. Кај ДДХост пронајдов се што ми беше потребно за максимално задоволство на моите клиенти.
Ова не е прогноза, ова е факт : ДДХост е најдобриот хостинг провајдер во Македонија
Ги користам хостинг услугите на ДДХост повеќе од 5 години и имам само пофални зборови.
ДДХОСТ Клиенти
Со задоволство соработуваме со