Надградба на сервер Windows 2003 во Windows 2008

  • Thursday, 11th August, 2011
  • 03:53am
Поради застарената технологија на Windows 2003 серверите, се помалку имаме потреба од нив, а и поддршката од страна на Microsoft е се помала. Голема е потребата на повеќето клиенти за инсталирање нови апликации и нови технологии што овие сервери не ги поддржуваат. За таа цел ДДХост ги мигрира сите Windows 2003 сервери во Windows 2008. Windows 2008 серверите ги поддржуваат сите технологии од Windows 2003 и имаат многу дополнителни опции. Оваа услуга за сите моментални Windows 2003 корисници е бесплатна, значи нема да треба дополнително да се доплаќа, цените за Вашата услуга ќе останат исти како во време на склучување на договорот. Напомена дека откако ќе заврши целиот трансфер ќе имаме надградба на пакетите од 20-40%, со што сите постоечки клиенти и оваа услуга ќе ја добијат бесплатно.

Информации за мигрирање:
За сите постоечки Windows 2003 корисници креирани се пакети на Windows 2008 серверите. Информациите за пристап ќе Ви ги пратиме во посебен е-маил. Вие треба да го направите следново:
1. Копирање на фајлови : преку било кој FTP клиент, снимете ги податоците локално во вашиот компјутер, потоа снимете ги на Windows 2008 серверот. Ова може администраторите на ДДХост да го направат за Вас, само пратете е-маил со барање за трансфер.
2. Копирање е-маил : Преземете ги сите е-маил адреси преку било кој е-маил клиент (outlook exprees, microsoft outlook, mozilla thunderbird...). Коритете pop3 конекција за да имате копија во Вашиот компјутер. (доколку ви треба помош за сетирање на е-маил клиент контактирајте не)
3. Креирање е-маил accounti : Во контролниот панел од Windows 2008 креирајте ги сите е-маил адреси кои сте ги имале предходно. Доколку ги креирате истите е-маил адреси со истите лозинки нема да треба да правите дополнителни сетирања во е-маил клиентите, ќе продолжите да добивате емаил по промена на ДНСите.
4. Копирање датабази : Направте бекап (explort) на датабазата и потоа импорт на Windows 2008 серверот. Во контролниот панел од Windows 2008 серверот има алатки за едноставно менаџирање со датабазите. Доколку имате проблем со контактирајте ги нашите администратори за асистенција при трансферот) По завршување на трансферот известете не за да направиме промена на IP адреси. Напомена : Старите Windows 2003 сервери ќе останат активни се додека не се направи миграција на сите домени. Нема да се избрише ништо се додека не добиеме потврда од ваша страна дека е комплетно завршена миграцијата и доменот работи на новиот сервер.
По завршување на трансферот известете не за да направиме промена на IP адреси.

Напомена : Старите Windows 2003 сервери ќе останат активни се додека не се направи миграција на сите домени. Нема да се избрише ништо се додека не добиеме потврда од ваша страна дека е комплетно завршена миграцијата и доменот работи на новиот сервер.

За било какви прашања слободно контактирајте не.
« Назад