Објавени се Joomla 3.1.1 и Joomla 2.5.11

  • Wednesday, 8th May, 2013
  • 02:24am
Објавени се најновите верзии Joomla 3.1.1 и Joomla 2.5.11 достапни на Македонски јазик преку http://joomla.mk и достапни за инсталација на серверите на DDHost

Во верзиите 2.5.11 и 3.1.1 отстранети се неколку багови и се препорачува веднаш да ја обновите вашата верзија со новата. Да потсетиме, во 3.1 конечно е додадена функцијата тагирање која е интегрирана во сите јадрени компоненти, па така можете да доделувате тагови, да вгнездувате тагови и нормално да прикажувате по тагови.
 
Изминатиов период имаше повремени хакерски упади на серверите кои хостираат Joomla. Чекајки нова верзија на Joomla со закрпи за пропустите, овие напади ги стопиравме „рачно“, со цел Вие како крајни корисници воопшто да не ги приметите ваквите пропусти.
 
Joomla тимот ги отстрани овие пропусти со објава на најновите Joomla 3.1.1 и Joomla 2.5.11. Веднаш по објава на новите верзии на Joomla, ДДХост направи надградба на PHP и MySQL верзиите за комплетна поддршка и стабилна работа на новите Joomla верзии.
 
ДДХост  изминативе 5 години е во постојана соработка со тимот на Joomla.mk (претходно top.net.mk). На страницата http://joomla.mk потојано се ажурираат информации за најновите Joomla верзии, измени од претходните верзии и истите достапни на Македонски јазик.
 
Подолу е изјавата на менаџерот на Joomla.mk Илија Илиев - Струмјан, за соработката со ДДХост: 
 
По пет години top.net.mk прерасна во Joomla.mk.
Сè уште е најголемиот Македонски извор на информации за и околу Џумла (Joomla) како и обезбедувач на Македонскиот превод за Joomla.
И сè уште го користи најприлагодениот Македонски хостинг за Џумла: ДДХост.
Се разбира, за овие пет години, имаше преселби на сервери, надградби, напади... но, по сето, ДД Хост излегуваа само подобрени и поспремни за нови слични ситуации.
Нам, Joomla.mk, ни е важна стабилноста на серверите и спремноста на домаќините за соработка.
Joomla.mk работи на најновата 3.1.0 верзија на Joomla.“
 
За обнова на вашите верзии можете да го користите Менаџерот за обнова и со еден клик да ја завршите целата работа, а за оние кои сакаат тоа да го направат рачно еве и врски:
 
 
За било какви проблеми за инсталација или надградба, слободно контактирајте го ДДХост тимот за поддршка.
Ви благодариме што го одбравте ДДХост за Ваш хостинг провајдер.
« Назад