ДДХост - сертифициран партнер на CloudFlare

  • Thursday, 4th April, 2013
  • 07:49am
ДДХост со задоволство Ви го најавува новото партнерство со CloudFlare, #1 решение во светот за подобрување на перформансите на Вашата страница.
ДДХост како сертифициран партнер на CloudFlare, на своите клиенти им овозможува бесплатно и едноставно имплементирање на CloudFlare. Со приклучување на CloudFlare, ги добивате следните придобивки:
 
 
- 30%-50% побрзо вчитување на страницата
- 60% помало искористење на месечениот трансфер
- 65% помалку побарувања (ги блокира потенцијалните хакерски упади и DDOS напади пред да стигнат до Вашата страница)
- Вашата страница е многу побезбедна и постабилна
 
ДДХост го имплементираше CloudFlare решението во контролниот панел, па започнувањето со користење е супер едноставно со само неколку кликнувања. Се што треба да направите е да се најавите во контролниот панел, да ја побарате иконата CloudFlare во делот „Software/Services“ и со еден клик за активација Вашата страница станува двојно побрза и посигурна.
 
Имплементирањето е бесплатно. Вклучување и исклучување на CloudFlare протокотлот се извршува со само неколку кликнувања, без никаков застој на работата на Вашата страница, па слободно проверете ја оваа можност. Се надеваме дека ќе Ви се допадне и ќе Ви биде од корист.
 
Повеќе за CloudFlare
 
CloudFlare е едноставно решение за Вашата страница да биде брза и безбедна како страниците на интернет гигантите (ebay, amazon...)
ДДХост со задоволство Ви го најавува партнерството со CloudFlare. Доколку не сте слушнале за CloudFlare, објаснувањето е едноставно: ќе ја направиме вашата страница двојно побрза и посигурна од голем број напади и закани.
 
Денес стотици илјади веб страници, од наједноставни (блог, персонални, интернет продавници) до страници на огромни компании, владини институции го користат CloudFlare за подобрување на перфомансите. CloudFlare во моментов има повеќе од 65 милиони прегледи месечно, што е повеќе од Amazon, Wikipedia, Twitter, Apple...
 
Забрзување на страниците
 
CloudFlare е дизајниран да се интегрира со стабилните хостинг провајдери како ДДХост и да ги направи уште подобри.
Моментално има 23 дата центри http://www.cloudflare.com/network-map кои се стратешки поставени низ целиот свет. Кога ќе се приклучите на CloudFlare побарувањето за Вашата страница се рутира до најблискиот дата центар. 
 
 
Со поминувањето на содржината низ CloudFlare дата центрите, се дели на статичка и динамичка. Статичката содржина автоматски се кешира и ре реплицира на останатите сервери. Со следното побарување посетителот ја добива содржината двојно побрзо, без разлика од кој дел од светот е побарувањето. Се забележува побрзо отворање на страницата за само неколку часа по регистрацијата на CloudFlare, а перформансите се зголемуваат со секое наредно отворање.
 
Со кеширањето на содржините, освен побрз одзив, се искористува до 60% помалку месечен трансфер со што Ви заштедува пари и помалку го оптеретува серверот.
 
 
Заштита
 
Од 2011 година до денес, CloudFlare идентификуваше до 700% зголемување на бројот на DDоS напади http://blog.cloudflare.com/2011-the-year-of-the-ddos (видете на сликата подолу). Со зголемувањето на нападите CloudFlare презема мерки за заштита од истите. Освен DDoS заштита имплементирани се дополнителни заштитни мерки против хакерски упади, спам, роботи и ботови за автоматско коментирање и bruteforce напади. Голема предност е што CloudFlare базата на знаење се зголемува со секој нов корисник и со тоа се подобрува заштитата. Се анализира протокот на милиони корисници и сигурносните системи се прилагодуваат на тој начин што само добриот проток стигнува до вашата страница, а лошиот е блокиран веднаш штом дојде до CloudFlare серверите.
 
 
Приклучување на Вашата страница во CloudFlare мрежата
 
Сите страници можат да се приклучат на CloudFlare, без разлика дали се на Linux или Windows платформа, без разлика дали се статични или динамични. Со интегрирањето на CloudFlare во контролните панели на ДДХост, целиот процес е поедноставен до неколку кликнувања. Само побарајте ја CloudFlare иконата, одберете го вашиот домен и кликнете за да иконата да стане портокалова. Тоа е се!
 
 
Оваа услуга ДДХост во соработка со CloudFlare ви ја нуди бесплатно.
 
Доколку сакате дополнително поголема заштита, CloudFlare нуди дополнителни Pro пакети. Разгледајте ги плановите на следниот линк. Pro плановите вклучуваат дополнителни заштити како SSL, аналитика во реално време и апликациски Firewall.
 
Секојдневно на CloudFlare се приклучуваат илјадници нови страници, вклучувајки ги и  најголемите светски компании. Ако сакате Вашата страница да биде побрза и посигурна ДДХост и CloudFlare се вистинското решение за Вас.
 
 
« Назад