!!! НОВО ВО ДДХост !!! Linux и Windows Cloud VPS сервери хостирани во Европа!

  • Monday, 25th February, 2013
  • 04:53am

Дата центрите се во Европа (Бугарија, Полска, Германија, Англија)
Доколку ѝ пристапувате на вашата страница или апликација од Македонија, имате за 60% побрз пристап во споредба со серверите хостирани во Америка.

Доколку имате потреба од целосна контрола на серверот и загарантирани хардверски ресурси, а немате потреба од перформаси на дедициран сервер, тогаш VPS серверите се идеалното решение за Вас. Цените на VPS се многу пониски од дедицираните сервери, а контролата што ја имате над серверот е иста, само со органичени хардверски перформанси.

Виртуелниот приватен сервер (VPS) ви овозможува пристап до виртуелна хардверска околина која се приспособува на различните индивидуални потреби. VPS претставува метод на делење на една физичка машина во повеќе сервери кои се делат на повеќе корисници, пришто секој корисник располага со свои сопствени ресурси со загарантирано ниво на привилегии.

Со други зборови VPS е посебен дел од физичка машина кој може да се употребува независно. Секој виртуелен сервер работи со свој сопствен оперативен систем кој може целосно да се конфигурира. Користењето на VPS им овозможува на корисниците да користат и инсталираат било каков софтвер. Стандардниот хостинг пакет не овозможува вакви услуги.

Дополнителна предност на VPS е флексибилноста при надградба на ресурси. VPS-ите се хостирани на Cloud платформа, при што со еден клик се прави надградба на хардверски ресурси како рам меморија, процесор и сл.


Користат KVM технологија. При користење на KVM и OpenVZ добивате комплетна виртуелизација и можност за конфигурирање на сите ресурси како SWAP просторот и останатите системски параметри. На ваквиот вирутелен систем може да се инсталираат различни дистрибуции на Linux и Windows. Можност за избор на оперативен систем.


« Назад