ДДХост - Официјален регистрар на .мк домени

  • Sunday, 4th May, 2014
  • 13:59pm
Почитувани, 

Со здоволство Ве информираме дека ДДХост е нов официјален Регистрар на .мк домени, овластен од МАРнет. Според новиот правилник на Марнет, сите веќе регистрирани домени, мора да се пререгистрираат најдоцна до 01.04.2015. Пререгистрацијата значи преминување од Марнет, кон еден од официјалните Регистрари.

Сега можете да ги пререгистрирате сите ваши домени по брза постапка и одлични цени. Добивате професионална техничка поддршка и можност за брза промена на сите податоци поврзани со доменот, не подолга од 24 часа. 

Обновата (продолжување на важност на домен) е 590 денари (500 ден. + ДДВ) годишно.

ddhost registrar

Можете да ги искористите тековните промоции за пререгистрација + обнова:
- 530 денари (450 ден. + ДДВ)со вклучена обнова на домен за 1 година 
- 1400 денари со вклучена обнова за 3 години (400 ден. + ДДВ/годишно) 

Доколку Вашиот домен е сеуште регистриран во Марнет, пререгистрацијата може да се направи најрано 30 дена пред истек на валидноста на вашиот домен.
Време на важност на Вашиот домен можете да го проверите на следниот линк : http://whois.marnet.mk/

Процедурата за пререгистрација согласно правилникот на МАРнет е: 

0. Пратете ни е-маил со листа на Ваши домени за пререгистрација, ние ќе ви пратиме пополнети барања
или
1. Преземето го барањето за регистрација од http://ddhost.mk/Dom.Reg.pdf 
2. Пополнете го со истите податоци со кои досега доменот беше регистриран во Марнет http://whois.marnet.mk/
3.1. Правни лица : Барањето со потпис и печат, заедно со копија од тековна состјба не постара од 6 месеци пратете ги на нашата адреса бул. Авној 74/4/3, или контактирајте не ние да ги преземеме од кај Вас.
3.2. Физички лица : Барањето со потпис доставете го лично на нашата адреса. Доколку поседувате дигитален потпис, потпишано пратете го на е-маил.
4. Доменот ќе биде пререгистриран во рок од 24 часа.

За повеќе детали следете го линкот http://ddhost.mk/domeni.html

За одговор на сите Ваши прашања Ви стоиме на располагање на http://ddhost.mk/contact.html
« Назад