Terms of Use



Со самото користење на хостинг услугите на ДД-Ком се согласувате да се придржувате кон долунаведените услови за користење. Во спротивно ДД-Ком има право да Ве исклучи без претходно известување и повеќе да не ви ги доставува своите услуги. Вие се согласувате дека во било кој случај нема да превземете никакви мерки према ДД-Ком.

Услови за регистрација и користење на .мк домени

Согласно правилникот за регистрација на македонските домени и поддомени (.mk, com.mk, net.mk, inf.mk, edu.mk и мкд.мк ), регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 15 дена пред истекот на времето за регистрација на следната e-mail адреса: info [at] ddhost.mk.

Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

ДДКом не ја гарантира валидноста на одредено домен име. Доколку од било која причина на денот на регистрација на името тоа не е слободно, ДДКом не превзема одговорност и го информира клиентот дека соодветниот домен не е слободен за регистрација. Клиентот може да одбере друго домен име или пак во целост да му бидат вратени уплатените средства.

Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на ДДКом. ДДКом по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот. Во спротивнвлегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.

ДДКом не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) е оневозможена функционалноста на македонските домени.

ДДКом го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот (кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки), ДДКом не се смета за одговорен према засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.

Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

Регистрација/обнова на интернационални домени

Правилата за интернационалните домени се многу поразлични од .мк домените. Секоја екстензија .com, .eu. .info .org и останатите TLD имаат различни правила за регистрирање и различен период на истекување. Затоа најбитно е да сте запознаени дека секој домен треба да се обнови најдоцна до датумот на негово истекување. Во спортивно, ако влезе во заштитен период цените за обнова почнуваат од 6000 денари, а постои можност воопшто да не успеете да го вратите доменот. Затоа ДДХост не презема одговорност доколку не го обновите вашиот домен и истече датумот за негово продолжување.

Ресурсите на Shared и Reseller пакетите

Секој корисник е должен да прави комплетен бекап на податоците на серверот. Тоа подразбира бекап на веб страницата, на е-маил пораките и општо на сите фајлови кои ги поставил на серверот. При бекап на е-маил пораките предложуваме да користите дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис).

Ресурсите на Shared и Reseller пакетите се подеднакво поделени на сите корисници на серверот, па прекумерното искористување на ресурсите од страна на еден корисник доведува до забавување и нестабилна работа на сите останати корисници. Поради ова за сите Shared и Reseller корисници важи фер политиката за користење. Еден корисник не смее да користи повеќе од 80% од зададените ресурси континуирано повеќе од 5 минути, во спортивно автоматски вашата услуга ќе биде привремено прекината според полиста на Cloud Linux OS кој е поставен на нашите сервери. За повеќе информации за функционирањето на оваа алатка прочитајте тука ---- (линк до текстот за CloudLinux).

Сервертите исто така имаат регулација на испратени пораки и строга контрола и заштита од СПАМ. Поради тоа, ограничувањето на максимален број на испратени е-поштенски пораки во рок од еден час изнесува 250 пораки. Ова искористување вообичаено се случува од скрипти кои имаат намерни или ненамерни грешки во програмирањето. Доколку го приметиме ова на вашата страница ќе Ве известиме за проблемот и доколку проблемот не е отстранет во ДД-Ком го задржува правото да Ве исклучи.

Овие ограничувања на ресурсите не важат за VPS и Dedicated серверите. На овие сервери секој корисник има загарантирани ресурси и сам располага со нивно искористување.

Спам

Забранет е било каков начин на праќање на СПАМ пораки. Доколку се забележи таква активност корисникот веднаш ќе биде деактивиран без претходно известување и без враќање на уплатените средства. 

Shared и Reseller корисниците користат споделена IP адреса и при злоупотреба од страна на еден корисник, сите корисници со истата IP адреса влегуваат во глобалните црни листи на провајдерите за заштита од спам, па испратените пораки стигнуваат во спам сандачињата или се комплетно одбиени од страна на примателот.

Поради заштита од спам, Shared и Reseller корисниците се ограничени на испраќање на 250 пораки во еден час.

Доколку користите Shared или Reseller хостинг, ДДКом не се смета за одговорен доколку вашите испратени пораки пристигнуваат во SPAM сандачето, или пак се одбиени од корисникот. Секој корисник може дополнително да закупи дедицирана IP адреса (200 денари + ДДВ месечно), која се доделува само за него и со тоа се избегнуваат проблемите од ваков тип.

Овие ограничувања не важат за VPS и Dedicated хостинг услугите.

CGI Скрипти

Сите скрипти со кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот или ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски ќе бидат исклучуени без претходна најава. ДД-Ком не дозволува делење на скрипти со домени што не се хостирани од ДД-Ком.

Chat

ДД-Ком не дозволува корисниците да инсталираат нивни chat скрипти кои искористуваат многу од серверските ресурси.

Порнографија

Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони. Забранети се и линкови до страници кои не ги задоволуваат пропишаните услови кои се однесуваат на порнографија. Доколку хостирате ваков матријал, вие автоматски станувате одговорни доколку биде покренета легална постапка од извесна личност.

Материјал со авторски права

Корисникот се согласува дека нема да доставува или работи со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, дигитализирани аудио/видео датотеки, извршувачки датотеки, архивски датотеки и сите останати видови на датотеки. Ваквите страници ќе бидат исклучени и суспендирани.

Корисникот е обврзан при поставување на било какви податоци преку услугите на ДДКом, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитува.

Backup на податоци

Корисниците на услугите се задолжени самостојно да прават резевна копија (backup) и заштита на нивните податоци, датабази, е-поштенски пораки. ДД-Ком не превзема одговорност за губење на вашите податоци.

ДДКом врши backup на сајтовите еднаш неделно и се чува само една резервна копија од тековната недела. 

За хостинг пакети исклучени поради неплатени сметки ДДКом не превзема одговорност за чување на податоците на клиентот.

Во случај на хардверски дефект/проблем (RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ДДКом се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектот. Доколку има проблем со хард-дискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои постои резервна копија (back up) која е генерирана по автоматизиран пат. ДДКом не гарантира за податоците и нивната исправност кои се вратени од back up серверот.

Согласно конфигурацијата на Shared и Reseller серверите, еднаш во годината се извршува автоматско чистење (Auto-Cleanup) на застарени е-поштенски пораки поради заштита од вируси испратени преку електронска пошта. ДДКом не одговара за избришани застарени е-поштенски пораки. Секој корисник е должен да прави бекап на е-поштенските пораките на дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис). Подготвените бесплатни упатства за локално и далечинско зачувување на е-поштенски пораките се достапни за сите корисници на хостинг услугите.

Големината на backup датотеката на shared и reseller корисниците не смее да биде поголема од 2GB. Доколку имате поголема датотека за бекап, контактирате не за ние да го направиме бекапот за Вас. Shared и Reseller корисниците се ограничени на една бекап датотека. Доколку има повеќе бекап датотеки, постарите датотеки автоматски се бришат на одреден период. ДДКом не превзема одговорност доколку се избришани потребни содржини од постара бекап датотека.

Информации за пристап

Корисникот има одговорност доставените информации за пристап до веб просторот да ги чува како доверливи и да не ги споделува со никого. Корисникот е исто така одговорен за сите активности произлезени од употребата на неговото корисничко име, доколку не се воспостави поинаку. Корисникот исто така се согласува да ги извести администраторите на ДДКом доколку забележи било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат корисничко име и лозинка доставени до корисникот.

Информации од корисниците

Корисникот се согласува во процесот при првична регистрација (и сите останати дополнителни регистрации) за користење на услугите на ДДКом, да доставува валидни и точни информации. Исто така се согласува дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го извести ДДКом.

Корисничка поддршка

ДДКом со цел да овозможи квалитетни услуги, доставува 24 часовна корисничка поддршка. Во работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта, тикет систем, телефон, онлајн чет од 9 – 16 часот. Вон работно време тимот за поддршка е достапен преку е-пошта и тикет системот. На отворените барања за поддршка преку е-пошта или преку тикет системот одговорите се најдоцна до 24 часа. Доставувањето на овој тип на поддршка е самоиницијативно и ДДКом не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.

Период на важност на услугите

По истекот на временскиот период за кој сте ги закупиле услугите на ДДКом, потребно е да го инфомирате ДДКом доколку сакате да го продолжите или откажете користењето на услугите. Плаќањето треба да се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, ДДКом има право да ги суспендира или откаже услугите доколку долгот не е подмирен. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци хостирани на серверите на ДДКом.

Друго

За било каква штета настаната во бизнис работењето на корисникот, поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, ДДКом не превзема никаква одговорност и нема да преземете мерки против ДДКОМ. ДДКом го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на ДДКом, се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.

Доколку има било какви прекршувања на условите за коиристење ДДКОМ го задржува правното да исклучи, да отстрани или да одбие да доставува услуги за одреден корисник. При закупување на хостинг услуги од ДДКОМ се согласувате вашите податоци да бидат чувани на надворешен сервер.

Општа злоупотреба

Било каков обид за нарушување на функционалноста на серверите ќе биде спречен со исклучување на услугата.

Веб страниците на корисниците кои дирекно навредуваат или објавуваат навредлива содржина е строго забрането, содржина која поттикнува омраза и дискриминација не е дозволена. Доколку тоа биде забележано, веднаш ќе биде деактивирана корисничката сметка на тој корисник.

Услугите кои ги користите во ДДКом не смеете да ги користите за лажни и измамнички активности. Секогаш вашите содржини треба да бидат согласно локалните, државните и интернационалните регулативи. ДДКом секогаш ќе постапува според законите и вашите информации смее да ги достави до надлежните владини служби доколку тие се од значење за водење на некоја постапка.

Во сите спортни случаи, кои не се во согласност со Условите за користење и според законските регулативи, ДДКОМ го задржува правото да ја исклучи и отстрани вашата корисничка сметка.

Доколку услугите на ДДКом се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.

Колачиња (Cookies)

Cookies се мали текстуални фајлови кои содржат информации за вашата посета на веб страната.

Cookies ја олеснуваат и поедноставуваат интеракцијата помеѓу корисникот и веб страната. Тие овозможуваат веб страната да ги зачува индивидуалните склоности и активности, и со тоа заштедуваат време и придонесуваат за поефикасно и поедноставно прелистување.

Прва меѓу многуте причини да се користат cookies е нивната можност за зачувување на информации на индивидуалната веб страна (избор на јазик, број на кликови, големина на фонт итн.). Во дополнување, тие исто така ја олеснуваат имплементацијата на услугите кои ги нуди веб страната (регистрација, содржина на кошничката за купување, пријавување на електронски вести, преглед на видео итн.) и собирањето на информации за навиките на посетителите на веб страната (број на посети, содржини интересни за посетителите итн.). Сето ова ни помага да го подобриме искуството на посетителите, како и да ја процениме ефикасноста на дизајнот на веб страната.

Овие cookies кои се користат на нашата страна не собираат информации кои би можеле да го откријат вашиот личен идентитет.

Поради транспарентност, направивме листа со сите cookies кои ги користиме и нивните цели. Ве молиме имајте на ум дека со понатамошно користење на оваа веб страна вие се согласувате со користење на наведените cookies.

КАКО ДА ГИ АКТИВИРАТЕ ИЛИ ДЕАКТИВИРАТЕ COOKIES? Cookies нема да се искористат за собирање информации поврзани со вашиот персонален идентитет. Доколку сакате, можете да ги измените подесувањата на користење на cookies на пребарувачот на вашиот компјутер или мобилен телефон.

Најмодерните пребарувачи ви овозможуваат да ги прифатите или одбиете сите cookies, прифатите или одбиете одреден тип на cookies или да примите предупредување кога веб страната сака да постави cookie од вашиот апарат. Во дополнување, можете исто така да избришете cookies кои пребарувачот веќе ги снимил на вашиот апарат.

Имајте на ум дека во случај кога сте ги деактивирале cookies, функционалноста на веб страната може да е нарушена, и порака во врска со користењето на cookies ќе се појавува при секоја ваша посета, што на долг рок ќе влијае врз вашето корисничко искуство.

Промената на подесувањата на cookie е различна кај секој пребарувач. Можете да најдете детални информации со кликање на “Help”, со посета на http://www.aboutcookies.org, што ќе ви даде совети за промена на подесувањата на cookie кај сите современи пребарувачи, или можете да не контактирате на email.

Google Analytics, DoubleClick и AddThis cookies можат да се деактивираат со следење на подолните инструкции:

- Google Analytics
- Double Click - AddThis

ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПЕРОНАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ВНЕСУВАТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА И НА E-NEWS РЕГИСРАЦИЈАТА Податоците кои ги внесувате на веб страната се користат исклучиво за доставување на порака (побарување, резервирање, купување итн.) или за побарана услуга. Вашите податоци се заштитени и не се обелоденуваат до трети страни нити се користат за било која друга цел различна од погоре наведените.

Со регистрирање на e-news, вие се согласувате дека вашата email адреса може да се искориси за да бидете информирани за нови услуги/производи. Можете да се одрегистрирате во било кое време со кликање на линкот за unsubscribe кој се наоѓа во email-от.

За повеќе информации во врска со cookies, погледнете го Information Commissioner’s Guidelines