Политика на приватност


Политиката на приватност на ДДХост појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани клиент на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за ДДХост и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој клиент при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

При процесор на доставување барање за регистарција на домен и неговото реализирање, корисниците ги доставуваат своите инфомации за контакт (име презиме, електронска пошта, телефонски броеви, назив на организација, адреса) за евиденција на спопственикот на секој домен. Овие податоци се јавно достапни на whois серверите на регистрарите.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за комуникација со клиентиот, успешна достава на услугата и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

ДДХост не собира никакви информации од финансиска природа како број на платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на HALKBANK (ИК Банка).

Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на HALKBANK (ИК Банка). Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ДДХост не собира или користи податоци од малолетни лица.

Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Преку cookies не се прибираат лични податоци.

ДДХост ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Дата центарот во кој се наоѓаат серверите на ДДХост се во согласност со САД-ЕУ Safe Harbor and Safe Harbor правната рамка помеѓу САД-Швајцарија, како што е наведено од страна на Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави, Европската унија и Швајцарија (повеќе информации за Safe Harbor програмата погледнете на следниот линк http: //export.gov/safeharbor/).
Оваа Политика на приватност служи за да се утврди нашата посветеност кон приватноста и безбедноста на податоците на клиентите, како и за објаснување на политиките и процедурите имплементрани во однос на собирање и употреба на податоците за клиентите.

Оваа политика на приватност стапува на сила од Мај 2010 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa ДДХост најмалку 30 дена пред да стапат во сила.