Other Services





Останати услуги


SSL сертификат
Што е SSL?

SSL (Secure Socket Layer) протоколот е Web стандард за енкрипција на комуникацијата помеѓу корисниците и веб страниците. Податоците пратени преку SSL конекција се заштитени со енкрипција, со што податоците се зашитени од прислушкување и останати упади.

Дали и кога ми треба SSL?

Со напредокот на технологијата последнава декада, се повеќе лични податоци и важни документи се чуваат онлајн. На овие податоци им треба заштита, во спротивно секој со основно IT познавање би можел да ги преземе. Без SSL енкрипција, вашите лични податоци, лозинки, информации за сметки од банки можат лесно да бидат преземени. Посетителите на вашиот веб сајт не би оставале лични податоци доколку нема SSL што придонесува до губење клиенти. Доколку имате онлајн бизнис, интернет продавница, портал на којшто се зачленуваат корисници, потребен е SSL сертификат.

АUTO SSL - бесплатен SSL сертификат со секој домен

COMODO POSITIVE SSL Single Domain 1000 ден/годишно

COMODO POSITIVE SSL Multi Domain 3000 ден/годишно


Дедицирана IP адреса

Ако користите поделен Shared хостинг оваа адреса ја делите со повеќе корисници. Доколку закупите дедицирана IP адреса, ќе имате уникатна адреса само за вашата страница.

Кога и дали ми треба дедицирата IP адреса?

1. E-mail blacklist - На поделените Shared хостинг пакети, на една IP адреса се хостираат веб страници од повеќе клиенти. Често доаѓа до проблем доколку еден од клиентите е подложен на хакерски упад, или СПАМ од неговата страница, IP адресата да биде ставена во црна листа (blacklist) на провајдерите и интернет пребарувачите. Со ова сите страници хостирани на таа адреса автоматски стануваат недостапни или пораките стигнуваат во SPAM папката на корисниците. За да се избегне овој проблем, најдобро е да закупите статична адреса за Вашата страница

2. Доколку користите страница со онлјан плаќање, повеќето банки бараат да имате статична IP адреса за интегрирање на системот за онлајн уплата.


ДДХОСТ Клиенти

Со задоволство соработуваме со