Туториал : Користење на Gmail како Webmail клиент и бекап на вашите пораки پرینت

  • 11

На повеќето клиенти е-маил пораките им се од голема важност и често поставувано прашање е како да ги заштитат пораките. Чувањето на webmail на хостинг серверот има ограничување со простор. Бесплатните Webmail клиенти што доаѓаат со хостинг пакетите често  се  ограничени опции и често се случува да загубат одредени пораки. Повеќето клиенти користат Outlook за локално чување на пораките во нивните компјутери, меѓутоа постои опсаност тие да бидат изгубени при реинсталација на оперативен систем, вирус или хардверски дефект на компјутерот.


Има повеќе начини за online дополнителна заштита на Вашите е-маил пораки. Ние ја препорачуваме заштитата преку GMail. GMail бесплатно овозмжува 7 гигабајти простор, а за 5 долари годишно овозможува дополнителни 20 гигабајти простор. Најпогодна опција е тоа што покрај вашата Gmail сметка може да додавате дополнителни pop3 и SMTP сметки и да го користите како webmail и бекап на вашите пораки. Подолу е кратко упатство за конфигурација:


1. Доколку немате, бесплатно креирајте емаил на http://gmail.com


2. Во Settings во јазичето Accounts има опција "Send mail as" и „Check mail using POP3". Може да додавате неограничен број на адреси за испраќање на е-маил и 5 адреси за POP3. Доколку имате повеќе од 5 е-маил адреси, во контролниот панел од вашиот хостинг пакет, со употреба на forwarders можете да поставите пристигнување на електронски пораки од различни сметки  (е-маил адреси) на едена единствена сметка којашто ќе го користите за заштита и сочувување на пораките.

3. При сетирање не заборавајте да ја штиклирате опцијата "Leave a copy of message on server" за да останува дополнителна копија од пораките на серверот.

По ваквата конфигурација, секогаш ќе имате дополнителна заштита на вашите пораки на најдобриот e-mail клиент Gmail. Многу корисници продолжуваат да користат Outlook, а Gmail го користат само како дополнителна заштита. За корисниците што користат Webmail ова е многу подобра опција од класичните Webmail клиенти бидејќи Gmail нуди многу повеќе опции.


Се поставува уште прашањето за сигурност на пораките. Наше мислење е дека Google како најголема светска компанија би била последна што би ги злоупотребила вашите пораки и има одлична заштита од хакерски упади. Она што дополнително можете да го конфигурирате е 2 step verification опцијата, којашто освен корисничко име и лозинка има дополнителна верификација со SMS порака вашиот мобилен.



آیا این پاسخ به شما کمک کرد؟

« برگشت