Наскоро во ДДХост - Регистрација на национални .мкд домени

  • Martes, 16º Deciembre, 2014
  • 05:30am
Во меѓународниот интернет простор е воспоставен македонскиот национален кириличен домен (.мкд). Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници и на кирилично писмо, и тоа опфаќајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука – Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш, Џ

Македонија е петта земја во светот која воспоставува национален домен на кирилица, откако претходно тоа го направија Русија, Србија, Казахстан и Монголија.
Институциите очекуваат дека со ова ќе се креираат повеќе македонски содржини на кирилично писмо, фактор којшто го следат многу глобални институции за развојот на информатичкото општество.


Наскоро, во ДДХост ќе можете да вршите регистрација на националниот кириличен .мкд домен.
« Atrás